УБАВА ТРКА

Велосипедизам

Бројна публика ја проследи велосипедската трка во рамките на Купот на Македонија во вело – крос на Могила, во организација на ВК Илинден и ВФМ. Кружната патека од 2,5 километри овозможи убава, интересна трка за рејтинг бодови на листата од ВФМ.

Меѓу учесниците беа прилепчаните сениорот Гоце Радески и кадетот Диме Ангелески, но за најдобри се покажаа членовите од кумановски Вело – М. Највисоко на пиедесталот се искачија, во сениорска конкуренција Стефан Петровски, во јуниорска Никола Ѓукиќ и во кадетска Денис Колевски.

За градот е значајно што ваква трка е одржана по долги 27 години.

Loading