МНОГУ “ЗЛАТА” ЗА ДОМАШНИТЕ

Џудо

Квалитетно џудо во салата “Арена Сонце”, во организација на ЏФМ и ЏК Сеишин. На татамите се водеа борби за државните првенства за сениори и кадети. Меѓу најдобрите се домашните со 15 први места. Кај сениорите од ЏК Сеишин победници се Валерија Јаковлеска, Ангела Николоска, Борче Тошески, Менде Илиоски, Пеце Трајкоски, а кај кадетите “златото” е за Стефани Петреска. Од ЏК Пролетер сите ривали ги победија и станаа прваци кај сениорите Јасмина Стефаноска, Бојан Крагуески, Димитар Стојаноски, Владимир Стојаноски, а Сара Петреска, Барбара Башеска, Димитар Ангелов, Марко Паноски, Костадин Милошески кај кадетите.

На севкупното рангирање, кај сениорите ЏК Сеишин е втор, ЏК Пролетер трет, а кај кадетите ЏК Пролетер е прв, а ЏК Сеишин четврти.

Loading