Џудо
Валерија Јаковлеска, Мартин Јаковлески и Владимир Талески, членови на ЏК Сеишин, предводени од јуниорскиот селектор Александар Ѓорѓиоски, учествуваа на 10 – дневен Меѓународен џудо камп во Ивањица, Србија. Беа со натпреварувачи од Балканот и гости од Алжир. Имаа технички и кондициони тренинзи, борби, психолошка подготовка и забава. Програмата ја спроведоа квалификувани тренери и селектори.
– Презадоволни сме од престојот и гостопримството на домаќините. Стекнатото искуство ќе се пренесе на останатите. Благодарност до Џудо федерацијата на Македонија што овозможи да се надградиме – велат од ЏК Сеишин.