Пинг понг
Пред новата пингпонгарска сезона се шпекулира за трансфери меѓу двата градски клуба Младост и Младост 96. Дали суперлигашкиот шампион ќе ги задржи Ѓоко Јочкоски, Гоце Тошески, браќата Гоце и Александар Штаргоски? Интерес има и од страна. Претседателот Игор Стојчески и тренерот Зоран Јованоски ветија одбрана на титулата, но со кој состав?
Шампионот од првата лига, Младост 96 ги има тренерот – играч Саше Ѓорѓиески и кадетите, големи надежи Андреј Лашкоски, Даниел Матракоски, Антонио Стомнароски, Андреј Габроски и Марио Апостолоски. Прераснуваат во суперлигашки играчи и очекувано постои интерес за дел од нив.
Сепак, нужно е двата клуба да стават приоритет на поправката на паркетот во салата, кренат од поплавите.