РАСТЕНИЕ ЛАПА ИНСЕКТИ

          Велат “се што лета, не се јаде”. Но, и “се што расте како растение, не се храни со инсекти”. Во Осоговијата, во близина на Пехчево, расте ендемско растение наречено DROSERA ROTUNDIFOLIA (SANDEW). Единствено е во Македонија кое се храни со инсекти. Планинари од Прилеп го виделе. Изгледа како главче со зраци и флуоросцентни нијанси. а влакнестите пипки, ретки и “искубани” се веат на тенко кревко стебленце, кое излачува слатка супстанца. Таа ги мами инсектите со мирис, а преку нежните слободни постојани тешко забележливи за голо око движења ги заплеткува инсектите. Месојадното растение, арактеристично за мочуришта, со големина од 4-10 милиметри, а расти од 1,3 до 5 сантиметри. Хемичарите од него “прават” екстракти, а медицината го користи како превенција од кашлица и воспаленија. Заштитено од земјоделски институт во Америка, а се собира по хербариуми. Било во групата drozdovi – во кои спаѓаат месо и инсектојадни растенија, како и оние кои се хранат со планктони.

Loading