БЛАГАВЕСТ КРЕПИ ХРАМ 170 ГОДИНИ

          Во центарот на Прилеп во непосредна близина, две зданија на религијата – Свето Благовештение и Свето Преображение. Храмот Св. Благовештение, е посветен на божјата мајка. Името е по “благата” вест од ангелот, за нејзиното зачнување. Изградена е 1838 година. Отворена за сите – за утеха Божја, за луѓе со “гревови”! Гастербајтери, домашни и странци, “питачи” за љубов, за пари, за милост, за прошка, баби со шамии во тага, деца во бечви, шалвари… Судејќи според она што се збрало во дворов претесен е да ги собере сите “вери”. Затоа, подобро е секој со слободата, во мислите, во душата… по патиштата господови… Фотографијава може и не е толку стара. Тука е камбанаријата со чешма, столетни – повеќе стари дрвја наоколу… Во близина на црквата имало Бабанеделино училиште. Денес, во близина никнала Галерија на икони. Пространиот двор е поуреден со зеленило, со фонтана, со трпезарија, со канцелариите за свештениците. Убаво што има гнездо за мир и со верба да се работи. Напреднале, бајаги – автомобили, домофони, компјутери, мобилни… Ако некој е во “зорт”, ако гревот е голем, ако некој има мака и потреба од разговор или потреба за “брзо – брзо”за крштевка, венчавка… како ќе договори со “слуга божји”?! Прв ракоположен граѓанин бил член на семејството Икономоски кој живеел во близина на храмот поточно откај камбанаријата.

Loading