Б А Р А Б А Н Џ И И

Прилепски мајтапења

 

            – Море да не беа радијана и телевизиине шо че прајвме стопанка му. Не че знајвме шо се случува во градов, а не во државава – вели колку да се најде во муабет еден од помладине пензионери собрани во светилиштено за драпачки и мајтапења.

            – Шо че беше, вол че се отелеши, бати шутио, бати. Ами во времето од деда и татка да не имаше радиа и телевизи, телевони, морбилни, ко и велите оние шо и сакате појчкем од жените, море ибрик стамболски – му одговори едно човече колку високо, толку широко.

            – Дркул, не туку јади трици, да не ти ја одврта неко, та три дена да се чешаш, бати неписменијо, бати – се навреди новопечениот пензионер.

            – Е, оти така му се каниш, дете, не ти ја окара мајката, па да се лутиш -сакаше ем да го скара, ем да го смири еден од сеирџиите. Знајш како се велеше во наше време, а?

            – Не знам, и шо треба да знам, стрико. Туку и ти потсоберисија опашката да не ти ја поткинам, море вампир, не се прибра новајлијата!

            – Е, е, ја дотеравте до ќотек, ебаго – влезе мејѓу тројцата стрико Рампо. Остави го човекот нека кажи како велеле во старо време, па да ја смириме работава, дете.

            – Абе Рампо и ти знајш, не си помал од мене, стопанка му.

            – Човек, можи да знам, можи да незнам. Туку, ај кажи ти.

            – Ако тропа барабанџија, гласо е од градската управа, а ако вика суруџија поткачен на повисоко, гласо е од селското раководство, така знаеја лујџето од кај иди аберо.

            – Е, море дете, за ваква информација се плајќа каве, не се врајќа со ќотек, ебаго, остана задоволен од кажаното стрико Рампо.

            – Стрико, речи му на сезнајково да го допрај муабето, за да си седам мирно на газо, се огласи насилникот.

            – Море човек, не чекај маслинка, туку кажи како не информираа за сî во наше време.

            – Че кажам бе. Че го викне Дуче барабанџијата кај претседатело вопштина. Че го седне на сандалија, а претседатело че дојше до него, че се наведеше до увото, зошто беше малку наглув и неписмен. От ко че му кажеше шо имало ново да кажи на грајџаните, Дуче че го земеше барабанчето враце и че прошеташе низ градот. То шо му беше кажано на цел глас го кажуваше, ете така беше Рампо, али не беше, а?

            – Море беше и то салам, чоек и лујџе, дури нам на децата Дуче и ни баеше – се огласи стрико Цане.

            – Ами како ви баеше Цане, а?

            – Остата та работа. Глеш имаме и пензионерки. Другпат че ви кажам – се одбрани Цане.

            – Ами и во Варош имаше тапанџија, ама и суруџија, али сте слушнале, али не – се јави еден варошанец да го забошоти одговорот на прашањето?

            – Ај кажи кој бе, оти од кај да знајме ние грацкиве – му светна очињата на куртулисаниот?

            – А, а, ти градски, па се си знајл – не се согласи со дебелиот варошанецот.

            – Абе чоек, ај не тегнија, кажи ко беше во Варош, ебаго – го опомена стрико Цане.

            – Ако имаше абер од кмето, од црквите и манастирите, на барабан тропаше и низ село шеташе Мице Рокан. А, ако беше за нешто шогоде или инвормација од селаните за стоката, за житото, за орање, жниење или за свад.ба сред село, че викаше суруџијата.

            – Кој беше толку јак на грло, баго, па цел Варош да го слушни – не поверуваа многумина.

            – Кој беше? Стеван Арапо, ебаго. Че се качеше на кабајна, коче свикаше небаре земјотресение има, или некој арслан од Аврика се има налутено. Најмногу се плашевме, децата, некое од нас че ги наполнеше гајчите од страв.

            – Море и ти да не ги наполни дури кажуваше, тро ко потклекнат ми си – се огласи градскиот, а смеа и драпачки колку ти душа сака, баго!

ДДБ

Loading