ФАНТАСТИЧНА МУЗИКА НА ПЕХЧЕВСКАТА “ПРЕРИЈА”

 

          Стоттина љубители на висините, дел прилепчани од ПД “Јане Сандански”, “зацапаа” по пехчевскиот природен дар на планината Буковец. Петтиот меморијален марш – Јован Гугушевски, им оставил неизбришлива “фотографија”, кога приквечерина ги прегрнала на Буковец. “Зарскало” гравче, водено од ритамот на песната и музиката на ноќта, над искрите на логорскиот оган. До “епицентарот на врвот – “Еленско блато (1932 метри), минале крај карпата “Вртена скала”. Се потсетиле или дел научиле за мистеријата на карпата. Неродкињата ќе роди, ергенот или момата ќе се удомат, ако се “проврат” под карпата. Уживањето во планинарскиот раскош, овојпат било организирано од ПД “Кадица” од Пехчево. Дел од прилепските планинари чествувале со “чекор” за прилепските бранители на Селечка планина.

Loading