Пратеник или градоначалник?

На крајот на 2011 година политичките карвани полека се загреваат за локалните избори во 2013 година. Веќе се тера внимателна теренска работа да се собере глас повеќе за својот човек. Додека позицијата нема мака со кадровските решенија, врие опозицискиот табор на СДСМ. Од сите страни “демнат” лобирања, па и шиканирања, и грст политикантства. Сите бијат меѓусебен мегдан за додворување на централните партиски моќници. По се изгледа дека опозиционерите не ќе го менуваат стилот, иако не им беше ефикасен на последните избори. Не е тајна дека ќе одат по испробаниот рецепт од 2011 година. Тоа значи познат кандидат за градоначалник, стар активист и висок функционер. Многу симпатизери и членови на СДСМ, таква креација препознаваат во актуелниот пратеник Горан Сугарески. Иако тој го тера вториот мандат, сепак веројатноста е голема дека ќе биде идниот кандидат за градоначалник. Како и да е, времето ќе покаже, кој колку успеал да ги намести камчињата на свое место во политичкиот мозаик и да стане кандидат за градоначалник.

Loading