СТОПАНСКА БАНКА – СКОПЈЕ – ВО НОВ ОБЈЕКТ

Дирекцијата на Стопанска банка – АД – Скопје заедно со неколкуте шалтери кои се наоѓаа на плочникот, сега се преселени во нов објект наспроти Центарот за култура Марко Цепенков. Отворањето на новите модерни деловни простории беше на верскиот празник Свети Никола, кој е и патрон на Прилеп, а годинава домаќин на празникот беше токму банката. Лентата на новата филијала се пресече во присуство на многуте деловни партнери и гости на свечената церемонија по сите адети. Со новите современи деловни простории како што истакна првиот човек на банката Глигор Бишев, ќе се подобрат условите за контакт во интерес на клиентите.

Loading