СВЕТИ НИКОЛА ГО ШТИТИ ПРИЛЕП

Svetinikolski pogaca se zavrti za zdravje so crkovna ceremonija

Се продолжи традицијата како што доликува за големиот празник на градот, Свети Никола, по шести пат. Со светиниколските сарми, големи колку лешник, кои се единствени и уникатни за нашиот град, со посно гравче и риба, со вино и ракија и благослови за здравје, радост и бериќет прилепчани го прославија патрониот празник. Се нагостија од богатата посна трпеза на булеварот. Домаќинот, Стопанска Банка од Скопје го одврза салам кесето и послужи над 65.000 посни сарми, 200 килограми грав, 250 килограми риба, сокови, вино, чај. Чест е домаќинлакот на ваква прослава – рече Глигор Бишев, генерален директор на Стопанска Банка од Скопје, кој како домаќин им посака бериќет на прилепчани. А Прилеп напредува, откако го има за заштитник Свети Никола, светецот кој е познат по тоа што ги дарувал сиромашните, што ги поддржувал болните, немоќните, кој е симбол на дарежливоста и благородноста. Свети Никола не случајно е светец – заштитник на Прилеп. Секое второ домаќинство за своја слава ја има Свети Никола. Да го славиме светецот, да ги продолжиме традициите, да си посакаме развој и бериќет за градот – рече градоначалникот Марјан Ристески. Поглаварот на МПЦ г.г Стефан служеше света архиерејска литургија во црквата “Свето Благовештение”, а крај Параклисот каде се крштеваше водата и се заврти славскиот колач, Владиката Петар говореше за чудата на Свети Никола. Кумството за в година го презеде Ирена Јакимоска, косопственикот на конфекцијата Комфи Ангел. Домаќините добија статуетки со ликот на заштитникот на градот кои им ги подари градоначалникот Ристески.

Loading