Словенечки искуства во библиотекарството

Македонските, вклучувајќи ги и прилепските библиотекари, ќе ги применуваат словенечките искуства во библиотекарството. Ова доаѓа по меѓународната конференцја на COBISS, во Марибор, на темата “Слободниот проток на информации”, на која од нашата библиотека присуствуваше советник Д-р Наде Караџоска. Искуствата се добредојдени. Ќе послужат за создавање на база на библиографски податоци и за примена на новите технолошки иновации на системот COBISS, односно обработка на книги и библиотечни материјали – изјави Караџоска. На конференцијата учествувале 25 библиотекари од Македонија, Србија, Хрватска, Бугарија.

Loading