Десет илјади посетители на Участакот

Полн погодок е реновирањето на Меморијалниот музеј 11 Октомври Участакот, кој свечено проработи за празникот. Надлежните од Завод и Музеј велат дека влегле над 10 илјади посетители поединечно или групно за еден месец. Кустосите секојдневно ги запознаваат посетителите со историјата на Прилеп и прилепско од Илинденскиот период, периодот меѓу двете светски војни, со посебен акцент на 1941 година и настаните од 11 Октомври. Гостите не само од градот, од земјата, туку и од странство, се воодушевени од модерната поставка, која автентично и дискретно ги отсликува настаните. Најмногу интерес пројавувале за оружјето, за активностите на 10 октомври 1941 година, за указите за прогласување на народните херои и за муралот на НОБ од уметникот Борко Лазески.

Loading