Вечер на документарци

Осум наградени филмови од 19 издание на битолскиот Интернационален фестивал на аматерски документарен филм “Камера 300” во Битола се одгледаа на вечерта на документарниот филм во ЦК “Марко Цепенков”. Се уживаше во наградениот со Гран при британски филм “Човекот лета” од Франк Бакер, филмовите наградени за монтажа, режија, камера…, како и македонските “Златна белегзија”, “Временски патник”, “Еколошко крштевање” и “Мојот живот”. Центарот ја реализираше вечерта во соработка со Народната техника Прилеп и фестивалот “Камера 300”.

Loading