За литературата низ “Очајот и присуството”

Нова книга на Трајче Крстески

“Творците живеат за да го набљудуваат животот, да се живее во настојување да се разбере идејата и смислата на секое нешто, да се разбере човековата битност или небитност, смислата на сопственото постоење”. Вака забележува писателот Трајче Крстески во новата книга “Очајот и присуството”. Книгата е резултат на долгорочни истражувања и средувања на моите критички и аналитички однесувања кон литературата. Во првиот дел се пренесени согледби, зошто да се пишува, што според мене е круцијално прашање. Вториот дел е за македонската критика, за нејзиниот некогаш јалов однос кон литературата, а во третиот ги изнесувам ставовите кон одредени пројави и вредности во македонската литратура – вели Крстески. Крстески е главен и одговорен уредник на списанието “Стремеж”. Во современата македонска литература се појави во шеесеттите години, објавувајќи текстови во литературните списанија. Покажува мајсторство не само во прозата, туку и во есеистиката, драмата, поезијата, телевизиските сценарија, либретата за балет и радиодрамите. Автор е на десетина романи. Придонесе и за преводите на романите “Железниот светилник” и “Преспанските камбани” од Димитар Талев.

Loading