Донации на приватни сметки

Полицијата ги товари Ј.Т. (55), потписник и благајник во Здружението на резервни воени обврзници во настаните 2001-2002 година” и С.Ѓ. (64), ополномоштен благајник во здружението за кривично дело “послужување”. Во 2002 година, кога било основано здружението, како овластени потписници кои располагале со паричните средства од членарина, донации, подароци и сл., биле определени Ј.Т. и уште две лица. По ова, Ј.Т. отворил штедна книшка на негово име и во период од 2004 до ноември месец 2007 година, заедно со С.Ѓ. во 21 наврат од жиро сметката извадиле вкупно 448.430 денари, кои ги префрлиле на штедната книшка и ги користеле за лични потреби.

Loading