Крадци украле нов трактор од под пенџере

Злате Ѓорѓиоски (48) од Прилеп останал без новиот трактор, купен по системот “половина – половина”. Крадци му го украле од дворот на семејната куќа во населбата Поткули. Полицијата трага по арамиите. Злате се чуди како ноќе од под прозорецот, крадците покажале дрскост и го “дигнале” тракторот, пушатајќи го незабележано на удолнината, а тој со фамилијата да не ги чуе. Необјасниво е, од под пенџере, да ми го украдат новиот трактор. Го платив 8600 евра, по системот за поддршка “половина – половина”. Државата ми ги врати половината од парите. Крадците ја отвориле врата, а од трагите се гледа дека го туркале надолу. На 500 метри, можеби го стратувале и заминале. Не е исклучено да го качиле на камион, лесно да го однесат подалеку од градот – се жали Ѓорѓиоски, кој не е земјоделец, туку неговата сопруга е регистрирана за земјоделец и со неа обработуваат тутун и поголеми површини под пченица. Нему и другпат му се случувале кражби на акумулатори и приколки. Дознаваме дека пред десетина дена бил украден од двор уште еден трактор.

Loading