Дувалки за лисја

Есента и паѓањето на листовите им создава главоболки и маки на комуналците при собирање на старото руво од листопадните дрвја низ парковите и дрворедите. ЈП Комуналец, со набавка на дувалки за полесно собирање на лисјето, го интезивира прибирањето на есенскиот “отпад” и го направи поефикасен и поекономичен. Практично, она што се правеше со гриблата, долго време и од повеќе работници, сега се прави брзо и лесно од малкумина комуналци. Листовите се собираат со дувалките на куп, од каде се товараат на тракторите и се транспортираат до депонијата. Оваа новина се покажува како успешна за брзо собирање на есенската парковска руба. Веројатно комуналците понатаму ќе набават и огромни шмукалки, кои товарот од лисјето ќе го испратат директно во превозните средства, а оттаму на ѓубриште.

Loading