СОРАБОТКА МЕЃУ ПРИЛЕП И ПОГРАДЕЦ

Градоначалниците на Прилеп и на албанскиот град Поградец, Марјан Ристески и Артан Шкембиј, на првата официјална средба ја потврдија воспоставената соработка меѓу двата града. Прилеп и Поградец се слични по големина градови, а најдобро е регионалното поврзување со проекти за прекугранична соработка со пари од европските фондови – изјави градоначалникот Шкембиј. Според градоначалникот Ристески двата града имаат можности за соработка во сите сфери, во стопанството, културата, туризмот. За интересни посети имаат и доволно фестивали. Прилеп ги организира и фестивалите на театарот и на пивото, а Поградец на куклениот театар и на виното. Конкуренција нема, туку можности за соработка – вели Ристески. Градоначалниците информираа дека соработката веќе е почната, а невладините и службите на локалните самоуправи веќе работат на проектот што го спроведува прилепскиот Центар за граѓанска иницијатива за мрежно поврзување и можности за вработување на маргиналните социјални групи, самохрани мајки и млади.

Loading