,, Бубачки,, во Шпанија

Танчерот Кире Миладиноски настапи на фестивал во Севиља во Шпанија со перформансот ,,Бубачки,,. Идејата, концептот и изведбата за танцот се на Миладиноски, а сценографијата е на Симона Илиоска. Специјалните ефекти се на Ирена Тодороска и Наталија Трајкоска. Приказната е за една личност, за трансформацијата, за еден живот – вели Миладиноски, кој деновиве во Лајпциг, Германија, учествува на работилница за танц на фестивалот ,,Евро сцена,,.

Loading