Награда од Кина за Крстески

Златко Крстески е добитник на кинеска награда на првата меѓународна изложба на карикатури и современи илустрации ,,Голд Панда,, во Пекинг. Уметникот инспириран од медитеранското поднебје, особено од Истра, работи на циклус илустрации и слики, а наградата ја доби во конкуренција на 117 уметници од 35 земји. Центарот за визуелна уметност “Визант”, чиј раководител е Крстески, го издаде стрип магазинот, Бастион на 120 страници со стрипови од познати стрип мајстори од Балканот и од Македонија.

Loading