Шпедитерки или царинирнички

Сонот на две средношколку од СОУ Ристе Ристески – Ричко

Ученичките од СОУ “Ристе Ристески – Ричко”, Сања Ѓеорѓиоска и Стефанија Паноска, иако го делат истиот клас во насоката техничари за транспорт и шпедиција, имаат различно гледање на сегашноста и иднината. Сообраќајната струка ги влечела, заради можностите за вработување, но и интересниот наставен процес во кој и двете уживаат. Во завршницата на средното образование, размислуваат за понатаму. Ова средно училиште важеше за “машко”, но сега има сé поголем број девојки, поради различните и перспективни струки. На Соња омилени предмети í се англискиот и македонскиот јазик. Но, понатаму се гледа како правник, судија или адвокат. Затоа сака да студира правен факултет. Не е исклучено да стане човек од медиумите. Би студирала новинарство да “вади леб” со интервјуа со популарните лица од политиката, културата, спортот и естрадата. Смета дека има дарба, бидејќи неколкупати се покажала како успешен говорник на неколку натпревари. Енергичната Стефанија е член на Младинскиот совет во Прилеп, застапувајќи го училиштето. Мерак í се бизнисот, шпедицијата и трговското право. Иднината ја гледа како царинарничка или полицаец. Од декември почнуваат подготовките за матурата. Признаваат дека се малку уплашени, но со интернетот, теоретската и практична настава, тоа не би претставувало проблем. Двете кажуваат дека се школуваат со ученици од различни националности, ама дружбата не ги дели воопшто. На екскурзијата лани, која веќе традиционално се изведува во Турција, сите одлично поминале. Стекнале незаборавни впечатоци кои ќе ги паметат до крајот на животот. Низ Истанбул се потсетија на живописниот Босфор, Меѓу Црното и Мраморното Море каде се дели Европа и Азија и на ориенталната “арома” на Турција, видена на јаве, а гледана на ТВ турските серии.

Loading