Шестоодделенци по стапките на Пеле

ОУ “Блаже Конески”

Победнички ја почнаа фудбалската сезона шестоодделенците од ОУ “Блаже Конески”. Тие го победија ОУ “Кире Гаврилоски” во финалето. Малите фудбалери ги “издриблаа” сите противници од основните училишта, освојувајќи го првото место. Менторот Тони Николоски рече дека децата се толку добри, што ќе ги запише и во категоријата седмоодделенци. Лани добивме Оскар за најспортско училиште. Пак ќе се бориме и уверени сме дека ќе триумфираме – вели Николоски. Не лесно се стасува до пиедесталот, оти се игра систем на натпревари, групи и после плеј – оф мечеви. Претстојат натпреварите од регионалната лига, па државната, каде ќе “ги вкрстат копјата” со најдобрите шест екипи од земјава.

Loading