Волонтерска ука

ОУ “Кирил и Методиј” – Канатларци

Наставниците и учениците од ОУ “Кирил и Методиј” во соработка со партнер – училиштето “Георги Бакалов” од Стара Загора, Бугарија, го организираат проектот “Биди креативен да им помогнеш на другите”, следен од ЕУ и “Академијата на централно европските училишта”. Целта е основците да стекнат вредности за општествените придобивки од волонтирањето. На учениците од двете страни ќе им се објасни како да бидат активни во социјалниот живот, да помагаат на постарите, на лицата со посебни потреби и заедницата во целина. Менторите Дарко Талески и Драгица Здравеска велат дека волонтер е да се прави нешто, а да не се очекува ништо за возврат. Тоа се хумани активности, кои децата треба да ги научат од мали нозе, да ги практикуваат, а кога ќе пораснат, да ги пренесуваат на своите потомци и да ги афирмираат во средината. Волонтерите од ОУ “Кирил и Методиј” изведуваат културно-уметнички програми, изразуваат ликовно и лирско творештво и се дружат.

Loading