Од бебе до прваче

Во предучилишната установа “Наша иднина”, родителите ги сместуваат децата на целодневениот престој во градинките “Гоце Делчев”, Тризла, Бончејца и Вишне. Раководителот на градинката “Бончејца” Соња Ангелеска информира дека најмалку осум часа се “мајка и татко” и на бебиња. Низ игра и забава децата се подготвуваат за основното училиште. Наставниците ги фалат децата, сместени во градинките, оти подготвени влегуваат во учииштето. Тие брзо се приспособуваат да бидат првачиња – истакнува Ангелеска. Секое дете има евиденција за развојот за правилно насочување. Во градинките децата се распоредени во групите; јасли – деца од 1-2 години, прва мала група – деца од 2 до 3 години, 4-5 години се средна група голема група во која ги воспитуваат децата до 5 години и 8 месеци. После, децата се подготвени и запознати со основите на математиката, пишувањето, околината. Од најмала возраст ја осознаваат екологија, колку е убава уметноста и им даваат можности за цртање и пишување. Едноставно го развиваат духот и креативноста под будното око на негувателките. Децата посетуваат детски театарски претстави, подготвуваат приредби за празници и посетуваат знаменитости, запознавајќи се со градското културно – историско богатство. Детското творештво се објавува на аукциска продажба, а средствата се трошат за потребите од градинката. За Прочка, децата учествуваат во градската ревија со свои маски. Им се организираат спортски натпревари со награди. Од следната година во градинките ќе се изучува англискиот јазик на пристапен начин. Посебно внимание се обрнува на физичкиот развој. Стручен соработник изведува физички вежби со децата. За квалитетното воспитување и грижа, доказ се добрите резултати од редовните систематски прегледи. Логопед и дефектолог постојано ги надгледуваат и рано ги откриваат сите неправилност. За проектот “Млеко со флуор за заби без кариес”, Ангелеска вели дека е оставено на родителите да одлучат дали детето ќе пие млеко со флуор или не. Точно 34 деца од ромските фамилии се сместени бесплатно во предучилишните установи во рамките на проектот за “Инклузија на Ромите”, реализиран од Министерството за труд и социјална политика.

Loading