За националниот празник 23ти Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, в недела, група ученици и професори од Гимназијата „Мирче Ацев” ќе положат цвеќе на вечните почивалишта на хероите Методија Патчев во Кадино Село и Пере Тошев во дворот на црквата Св. Благовештение – Стара Црква. Учениците ќе одржат и презентации за МРО и за животот и делото на хероите. Гимназијата „Мирче Ацев” на сите граѓани им го честита големиот македонски празник.