Отворена врата за нови играчи во 11 Октомври

Фудбал: Итни промени по серијата порази

Најслабите ќе бидат отпуштени

По серијата бурни настани, порази, спорни судиски одлуки, прекин со Ренова и суспензија од страна на ФФМ, реагираше Управата на 11 Октомври. Решено е најитно да се доведат три – четворица нови, квалитетни засилувања. Заложбата е младите да добијата повеќе шанси. Клубот најави расчистување со дел првотимци, кои не заслужуваат да го носат дресот. За скоро ќе бидат отпуштени. Останува само да се сочека изборот на ослободените играчи во првата, и во втората група. Навивачите на 11 Октомври со одобрение ги прифаѓаат мерките. Постојано забележуваат на незалагање или неквалитет на одделни играчи. Некогаш, и од авион се гледа дека е несериозен играч за прва лига или пак нема дарба, колку и да се труди. Пред промените меѓу играчите, се случуваат промени во Управата, кои никој не ги посакуваше. Претседателот Сашо Иваноски поднесе оставка од морални причини, поради прекинот и последиците. Привремено се повлече и техничкиот директор Марјан Стојкоски, иако се знае дека е заслужен за вивнувањето на клубот од Трета во Прва лига. Сепак, најдоброто е што генералниот спонзор, Витаминка, категорички се изјасни дека останува на курсот и планот и ќе го поддржува клубот. Финансиерот има доверба во амбициите, а тие беа средина на табелата. Се очекува фудбалерите да возвратат и да се поправат во останатите 23 кола.

Утре во Штип

По куп гостувањето кај Вардар во Скопје, утре е првенственото во Штип, на Брегалница. Домаќинот е најблиску на дното и е шанса за надигрување. Со евентуален триумф, 11 Октомври се крева на 11-то место. Тимот на Марјан Секуловски не е комплетен. Стоперот Владо Данилов е повреден, за врска Новче Ацески на операција.

Loading