Турција гостува во “Сонце”

Ракомет: Има шанси Репрезентацијата да игра во Прилеп

Мечот е во мај

Има расположение во женската ракометна репрезентација на Македонија еден квалификациски натпревар за ЕП да одигра во Прилеп. Потврда стаса од селекторот Гино Стрезовски, при четиридневниот престој во градов. Убаво се чувствуваме во салата “Сонце” и нема никаква пречка еден меч да играме тука. Се сретнавме со Литванија во Скопје, истото место пријавено со Франција. Останува последниот дуел со Турција, в година во мај. Има изгледи да биде во Прилеп – вели Стрезовски. Репрезентацијата го одработи планот. Имаше сé на располагање во хотелот и арената. Се одиграа две тренинг средби со Жито Прилеп. Во репрезентацијата се четири првотимки од Жито Прилеп, голманката Дијана Наумоска, бековите Ивана Петковска, Марија Штериова и Савица Мркиќ. Неколкупати се менуваа при натпреварите, од едниот во другиот состав, така што не се гледаше на крајниот исход, туку само на играта. За Жито Прилеп настапија: Дурланова, Павичевиќ, Матановиќ, Цветановска, Аџулеска, Кликовац, А. Стојановиќ, Когој, Илиеска, Серафимовска и Т. Стојановиќ, а отсуствуваше повредената голманка Јаломитеану. Голема е ползата. Во паузата, надоместивме со два корисни тренинг мечеви – констатира Ристо Магдинчев, тренер на Жито Прилеп.

Долга пауза

Одложен е мечот од Регионалната лига на 26 октомври, на гости кај српска Јагодина, во 5. коло. Следува долга пауза за Жито Прилеп, бидејќи уште еден е одложен дома со Заечар и нема договорен датум. Наредните се во ноември според распоредот. Последните за есенва се со црногорските, Бисери Плевља дома и Будуќност во Подгорица.

Loading