Изложбата на слики “Земја” од уметницата Бојана Артиновска Трпческа е отворена во КСП Центар Јадро во Скопје. Делата се создадени како инспирација од Земјата како основен елемент. Ова е второ претставување на изложбата.
-Истражувајќи какво влијание има бојата во просторот, дојдов до древната кинеска практика Фенг шуи, според која, секој од основните елементи има особено влијание и моќ да го лекува протокот на енергија во просторот, во зависност од страната на светот на која е поставен. И уметноста може да лекува. Така делата влијаат на просторот, вибрирајќи со одредена фрекфенција, која делува на емоците на човекот – вели авторката.