ВЕЧЕР

– Ај станувај! Ниедновреме е вејче. Да не ораше вчера?

– Сега!

– Намести го кревето. Да не сакаш друг да ти го мести? Капната сум од работа.

– Добро.

– И немој бањата виран да ја напрајш! Од шо одам по тебе, лажичкава ми е падната.

– Че пазам.

– После, свари по едно кафе! Така појако, оти нешто нервите ми се кренати! Че бидам на тераса. Нозеве да ги одморам, од сабајле само вртам околу кујчава, ко само моја да е!

– Ко велиш!

– Немој да си клал од то белио шејчер! Чувај го за мајка ти. Којзнај кај е  закана по комшии. Ич за кујчава не се секира. Сета на мене е остаена. После не че ме врта коските! Море вртелешки во зглобојве че никнат.

– Секако.

– Че пазиш ко че го носиш кафето да не го истуриш кај шо не треба. Оти, ко шо си ватен во то рацете, се можи да биди. После ти че го чистиш!

– Не се сакалдисувај!

– Со вода ладна. Остаја чешмата да поистечи! Немој случајно во нечиста чаша да ја донесиш.

– Во најчиста.

– Мислам дека има едно парче локум, останато. Убо е за со кафето, ако има две земи и за тебе. И внимавај да не растуриш од то локумо по килимо.

– Че внимавам, злато.

– Разбра сé шо ти реков? Да си немаме после расправии – слушнав, не слушнав, чув – не до чув. Стопати сум ти рекла, жената мора да се слуша. А, не ти, хај-фуј… Кизнај кај ти е памето, а само во мене треба да ти биди. Никаде на друго место. Ај, побрзо, капнав од чекајне!

– Одма, светлост моја.

– На мажите, дур не им кажиш шо треба да напраат, за ништо не ги бидува. И па че греша. Еј, кажи шо ти реков. За џабе не ломотев до сега. Ме слушна? А бе, кај ојш, шо напрај со кафето, врати се!

– Вечер!

Loading