ГОЛЕМОПРОДАЖБАТА СЕ ПРЕСЕЛИ НА СТОЧНИОТ ПАЗАР

Пиперки, краставици, компири во вреќи, домати во гајби на големо од камиони веќе не се продаваат покрај коритото од градската река во близина на пазарот. Продавачите со камионите се преселени на просторот на Сточниот пазар. Раководството на ЈП Пазари во соработка со полицијата презеде акција за ослободување на просторот, поради сообраќајниот метеж што се создаваше на улицата. Дислокацијата се образложува и со нелојалната конкуренција што ја создаваат продавачите на големо со трговија на мало и уривањето на цените на трговците на зеленчук во просторот на градскиот пазар. Инаку, ЈП Пазари ќе ги изсели и продавачите на резервни делови по завршувањето на уредувањето на површината на Сточниот пазар во големопродажен центар со сите потребни услови за објекти од ваков тип.

Loading