ИЗВЕШТАЈ ЗА ШТЕТАТА ОД НЕВРЕМЕТО

На денешната Седница на Советот, советниците ќе го разгледуваат извештајот за проценетата штета од невремето од 9 јуни. Настрадаа земјоделските култури на површините Поводеници, Мажучиште до Варош. Уништени се лозовите насади, расадите од тутун и пипер. Посевите од пченица, рж и јачмен, наместо наскоро да се жнеат, дождот и градот ги легна на земја. Невремето предизвика штети на градинарските култури и на нивите во селата Боротино, Обршани, Крушеани, Пашино Рувци, Славеј и Мало и Големо Коњари.

Loading