КАПЕЛА НА СТАРИТЕ ГРОБИШТА

Новиот ГУП ќе овозможи реализација на долгогодишната иницијатива на Здружението за заштита и обнова на старите градски гробишта, за изградба на градска капела на локацијата на старите гробиштата. Досега Здружението собра околу 6,7 милиони денари донации од сопствениците на гробни места на старите гробишта за градба на капелата. Средствата се доволни за комплетно завршување на градежните работи, а за внатрешноста, средства ќе обезбеди општината. Со заложби на Здружението оградени се гробиштата и направени патеките.

Loading