КОМУНАЛЕЦ – ЛИДЕР ВО РЕЦИКЛИРАЊЕТО

Презентација на имплементацијата на проектот за рециклирање на пластика на ЈП Комуналец се изведе за претставниците од ЈКП од Битола, Крушево, Неготино, Ресен, Охрид, Струга, Кривогаштани, Демир Хисар, Долнени и Житоше и за директорот за економски развој од мисијата на УСАИД Џозеф Лесард. Реализацијата на проектот влијае на зајакнувње на собирањето пластика и проширувањето на програмата, што ќе доведе до понатамошен развој на економски, исплатлива програма за рециклирање пластика. Претстои имплементација на примарна селекција кај индивидуалните жители за што предвидени се две варијанти. Првата е за 10 илјади домаќинства, на кои би им се поделиле по две корпи за селекција. Финансиската конструкција покажа потреба од 250 – 300 илјади евра. Втората за истиот број домаќинства, но да им се доделатпо три корпи и за што се потребни 450 – 500 илјади евра. Во втората фаза се планира градба на фабрика за селектирање на отпад од околу 150 илјади тони годишно, за чија реализација се потребни два милиони евра. Во третата фаза би следела градба на фабрика за компостирање на отпадот од пет до десет илјади тони годишно, за два милиони евра. Финализацијата би била со градба на санитарна депонија.