“ЈАЗИЧЕН АГОЛ” ПРЕД ЧИТАТЕЛИТЕ

Промоција доживеа книгата “Јазичен агол” од Благоја Ивчески во издание на неделникот “Зенит” во присуство на голем број почитувачи на пишаниот збор и на градоначалникот Марјан Ристески во ЦК “Марко Цепенков”. Отпечатени се сто написи од рубриката “Јазичен агол”, што излегува секој петок на страниците на весникот.     Книгата е печат на “новото” време, на “новиот” израз, со кој се отсликува алармантната состојба во македонскиот литературен говорен јазик. Извадоци читаа актерите Виолета Чакарова и Марјан Чакмакоски.

Loading