НОВА УПРАВА ВО ГОЛЕМО КОЊАРИ

Трета и општински лиги

Само што ја пофаливме управата на ФК Г. Коњари, дојде до смена. Имало незадоволство од неодигрување на мечот со Кожуф, а епилогот е оставка на Слободан Димоски и – нова управа. Предводена е од в. д. претседателот Ване Макалоски. Г. Коњари, по триумф над Борец 8-2, освои три бода кај соседот Млекар во М. Коњари со 1-3. В недела е слободна. Останати: Кожуф – Победа ј., Бабуна – Младост К., Партизан О. – Млекар, Корзо – Ц. Река. Претходно: Младост – Превалец 3-0, Борец – Партизан 3-1, Победа ј. – Д. Езеро 3-0. Табела: Победа ј. 65, Бабуна 60 бода. Општинската А – лига, Пролетер, за два дена одигра двапати. Во саботата беше пријателска со Виена, во неделата првенствена кај Боротино. Двете завршија идентично, 3-3! В недела Пролетер со Ц. Ѕвезда, а на останатите: Тополчани – Динамо, Кадино – Боротино, Кадица – Обршани, Чепигово – Тризла. Претходно: лидерот Динамо се поправи дома со 3-0 над Ц. Ѕвезда, Козара – Кадино 0-0, Тризла – Кадица 2-3, Тополчани – Чепигово 5-2. Табела: Динамо 43, Кадица 37 бода. Во Б – лигата (10 ч.): Беровци – Мукос, Клепач – Гарван, Братство – Илинден. Претходно: Гарван – Братство 5-2, Мукос – Клепач 6-4, Пелагонија – Беровци 4-1. Табела: Братство 40, Илинден 38 бода.

Loading