Борење
В сабота е државното кадетско во Скопје, а од БК 7 Мај – Леов атакуваат на првата титула. Претенденти се: Мартин Стојаноски, Филип Јованоски и Емил Николоски. Убеден сум во три медали, а меѓу нив посакувам “злато”- вели Сашо Игњатовски, тренерот. Претходно, беа на силен јуниорски турнир во Призрен, Косово. Мартин Стојаноски блесна со второ место. Од Албанец е поразен во финале, а до него стаса со три победи, без загубен поен. Филип Јованоски беше трет, Дејан Заов четврти, Дуле Стојаноски петти.