СО 2,4 МИЛИОНИ ЕВРА ДИВИДЕНДА ЌЕ СЕ СЕРВИСИРААТ СТАРИ ДОЛГОВИ

Заедничката фирма на ТКП и Филип Морис 

Tutunski kombinat

Тутунскиот комбинат (ТКП) доби дивиденда од 2,4 милиони евра од заедничката компанија Филип Морис – Тутунски Комбинат Прилеп. Тоа е раст за 58 отсто, споредено со дивидендата од минатата година.

Дивидендата, како и за претходната, во најголем дел ќе биде насочена за сервисирање на наследените стари долгови на ТКП и финансирање на планот за подобрување на продуктивноста преку реструктуирањето, спроведено од 2018 година.

Заедничката компанија на Филип Морис Интернешнел и ТКП е формирана во 2014 година според договорот за заедничко вложување меѓу водечката меѓународна тутунска компанија и Комбинатот од Прилеп.

ТКП со децении беше на листата на најголеми загубари во земјата, чие работење и опстојување, со оглед дека е најголем откупувач на тутун од најголемиот тутунопроизводствен регион во земјата, зависеше од постојани дотации од државата како мнозински сопственик. Со стратешкото партнерство со Филип Морис, според финансиските извештаи за 2019 година, ТКП излезе од списокот на загубарите и продуцира првпат по многу години и добивка. Дивидендата од заедничката фирма е значајно достигнување, бидејќи ТКП ги создава сите предуслови полека да прерасне во профитабилна фирма со подобрена ликвидност, продуктивност и ефикасност.

Loading