ИНТЕРРЕГ ИПА програма за прекугранична соработка  Република Грција – Република Северна Македонија 2014 – 2020 г.

Информација за почеток на проектот: Стимулирање на зелени вработувања: Клучни точки за прекугранични образовни и технолошки иновации (Г.Е.М.С.)

Регионалните комори со седиште во Битола и Прилеп, во рамките на Стопанската комора на Северна Македонија, со своите планирани активности продолжува со поврзување со партнерите од пограничните региони, преку повеќе проектни активности. Една клучна активност од таков вид е и отпочнувањето на проектот: Стимулирање на зелени вработувања: Клучни точки за прекугранични образовни и технолошки иновации (Г.ЕМ.С.) кој има за цел да им помогне на регионите учесници, да се придвижат – од сегашниот низок економски „кафеав” пристап (со низок квалитет на работните места, ниско ниво на заштита на животната средина, несоодветни ниски вештини), кон „високо” одржлива зелена економија (соодветни вештини на високо ниво, висока продуктивност, високо ниво на заштита на животната средина).

Проектот е финансиран од страна на ЕУ ИНТЕРРЕГ ИПА програмата за прекугранична соработка  Република Грција – Република Северна Македонија 2014 – 2020 г. и во него како концорзиум на партнери се следните организации:

Универзитетот на Западна Македонија од Кожани, Р.Грција ќе делува како водечки партнер. Се состои од седум факултети и 23 катедри.  Центарот за истражување и технологија Хелас (ЦЕРТХ) и во негови рамки Институтот за хемиски процеси и енергетски ресурси(ЦПЕРИ) е еден од водечките истражувачки центри во Р. Грција. Се наоѓа меѓу ТОП-20 истражувачки институции на ЕУ. Бизнис Академија Смилевски (БАС) е високообразовна институција со акредитирана програма за професионални студии по бизнис и стратешки менаџмент и како партнер од деловната средина е Стопанска комора на Северна Македонија -Регионалната комора со седиште во Битола која ќе ги претставува интересите за зелена економија и зелена енергија на компаниите од пелагонискиот регион.

Во овој 15 месечен период до крајот на 2023 година проектот ќе се фокусира на успешното реализирање и на широка дисеминација на неговите резултати, ќе ги подобри можностите за вработување на образованите дипломци, обучувајќи ги за најсовремени зелени технологии. Ќе се користат комбинирани, иновативни образовни пристапи и методи на работа, како што се работилници, фокус групи, техника на “њорлд цафé”, “фисхбоњл”дискусии и “јигсањ”групна работа – за да се поттикнат учесниците критички да размислуваат и да дојдат до креативни решенија на вистинскитепроблеми. Уште повеќе, сите учесници ќе бидат обучени за користење на едукативни софтверски алатки со цел да се комбинираат теоријата и симулациската работа. Исто така ќе ги снабди учесниците со соодветни алатки за да спроведат целосна евалуација на технологиите што се ќе проучуваат. Поконкретно, учесниците ќе ги истражуваат успешните студии на случај за циркуларна економија, ќе ги идентификуваат технолошките иновации, земајќи ги предвид социо-економските фактори. Во двата региони-учесници, ќе се создадат иновациски и технолошки центри, поврзани со концептите на зелена енергија и циркуларна економија. Овие средишта ќе служат и како работни прототипови, демонстрирајќи ја изводливоста на проучуваните зелени технологии. Резултатите и научените практики од овој проект ќе делуваат како средство за придвижување на прекуграничниот регион кон економија со ниска потрошувачка на јаглерод со надеж дека ќе ги подобри и можностите за вработување. Во капацитетите во двата региони, ќе се креира информативен центар, за да се подобрат способностите на вмрежување и поврзаност помеѓу партнерите во конзорциумот. Со цел да се совпаднат потребите на потенцијалните работодавачи со учесниците (студентите), ќе се креира база на податоци за потенцијалните работодавачи во прекуграничните региони, преку мапирање на активните економски субјекти, и со цел социјалните и комерцијалните партнери да се приклучати да го почнат процесот на прилагодување од класичен во зелен систем за производство на енергија.

Во овој период на економски и енергетски предизвици размената на знаење и развивање на нови технолошки процеси и деловни практики е од особено значење за поддршката на деловните субјекти во регионот и на тоа се се придава особена важност во активностите на Комората.

М-р Никола Димковски

Loading