ДОСТОИНСТВЕНО ИСПРАЌАЊЕ НА ПОКОЈНИКОТ ДО ВЕЧНИОТ ДОМ БЕЗ ТРАУМА ЗА БЛИСКИТЕ

Вечен дом Јокиер Руте – лиценцирана агенција за погребни услуги

– Вршат и солидарен погреб

Во мигот кога престанува да чука срцето и се губи последниот здив, блиските на покојникот секогаш треба да имаат на ум дека постои агенција која им е десна рака и лесно може да се потпрат на неа. Дека има овластен оператор за погребални услуги кој ќе ги преземе сите обврски и ќе ги заврши сите формалности. Во миговите на тага, стрес и безумие, само со еден повик може да се поедностави и олесни процедурата. Тоа е Вечен дом Јокиер Руте. Тие се лиценцирана агенција за погребни услуги. Нон – стоп, 24 саати во денот достапни се и од помош на граѓаните од Прилеп, во Македонија и надвор од границите на државата. Со нив и најтешките мигови стануваат достоинствени и последното испраќање на покојникот до вечниот дом е чин кој се извршува со почит.

Нудат комплет услуга, ископ, закоп, обелекување и средување на покојникот, преземање на починато лице од старечки домови, болници, од клинички центри, од странство, од сообраќајќи. Пријавувањето на смртен случај се врши на телефон или во просторите на изложбениот салон на Вечен дом Јокиер Руте. Од тој момент грижата целосно ја презема лиценцираниот оператор.        

– Ако е починато лицето на болница, за 10 – 15 минути сме таму и го преземаме и го носиме во капела. Ако е во станбена зграда, за подигање на располагање имаме 4 лица од агенцијата. Или доколку се од муслиманската вера, го предаваме на семејството. Чинот да биде помалку трауматичен за семејството, сите обврски околу покојникот се на агенцијата. Само информираат за името и презимето со фотографија и ги средуваме сите документи со капелата. Со црковните капели мора да појдат членовите од семејството таму за да се договорат. Имаме одлична соработка со ЈКП Комуналец. Вршиме и солидарен погреб, ги средуваме документите, посредуваме и доколку е потребно ги упатуваме клиентите во оние институции каде треба лично да појдат за да им се префрлат средства – објаснува Горан Рутески, сопственикот на Вечен дом Јокиер Руте.

Располагаат со богат исложбен салон. Може да се најдат ковчези од 5 илјади до 30 илјади денари. Има костуми, чаршави, чевли, ќебиња, венци, свеќи… Погребот може да чини од минимални 12 – 13 илјади денари, до најскапиот од 50 илјади денари.

– Имаме добар изложбен салон, за секој клиент да избере што сака, да има можност за избор, а не само три артикли и толку – објаснува Рутески.

Иако се нови во бизнисот, создаваат имиџ на сериозен, доверлив и чесен партнер во траорот кој е дел од животот. Успеваат да се справат со монополскиот однос кој го има Бутел доколку преземаат лице од Скопје. Ги почитуваат законите и прописите. Возилата за превоз ги исполнуваат сите стандарди, атестирани, регистрирани според санитарните правила, климатизирани се со вентилација и осветлени.

Имаат разбирање и дали во моментот лицето има средства. Сакаат најнапред да се заврши работата, а потоа да се наплати услугата. Чесноста, доверливоста и вниманието се карактеристични за нивното работење.

Се наоѓаат на ул. Климент Охридски, во близина на Црквата Параклис. Дежурни телефони: 078 307 328 и 078 305 758.

Зошто со овој бизнис?

– Идејата тлееше 15-17 години. Отсекогаш сум сакал да го работам овој бизнис. Инаку, како дете се загледував во свеќите. Дури и како средношколец продавав свеќи. Во 1993 г. отворив кафетерија. Со угостителската дејност се занимавав до 2019 г. Ете дојде и тој ден и погребалните услуги се мојата дејност. Сакам постојано да се усовршувам во бизниот и во услугите кои ги нудиме со цел да бидат достоинствени. Размислувам да набавам возило со стаклен заден дел, а во предниот да има пет седишта, возило кое дели, да биде порепрезентативно. Се случува лице да почине и во Србија и во Грција, а таму е и семејството. Со таквото возило ќе се пренесе покојникот заедно со останатите членови без да користат дрѕго возило.

Loading