ГОЛЕМИ ОЧЕКУВАЊА ДО БОЖИК

Фудбал

Веќе 12 дена нема ниту натпревари, ниту тренинзи за фудбалскиот прволигаш Победа. Но, за фудбалот, нема апсолутно празен период. Точно 70 дена се за анализа на полусезоната, за стратегија како понатаму. Додека се чекаат службени информации, многубројните симпатизери меѓу себе го разменуваат дознаеното. Така ќе биде до Божик, и некој ден потоа, кога се очекува првиот собир.

Неофицијално, во тек се големи напори за средување на финансиската состојба. Се очекуваа вклучување на нови компании – финансиери. Интересот не е изненадување, оти Победа е бренд, познат на Балканот. Интересот и контактите се почетната фаза, а долгиот процес опфаќа разговори и преговори до евентуален договор. Дури откако би бил заокружен овој дел, се очекуваат одговори за играчкиот кадар и тренерите, дали и натаму стратег ќе биде Бобан Бабунски.

Додека е мирно, клубот го одржува теренот од Градскиот стадион.

Loading