ИН МЕМОРИАМ – БЛАГОЈА БАШЕСКИ, ТРЕНЕРОТ СО ТИТУЛА ОД ЈУГОСЛАВИЈА

На 85 години почина Благоја Башески, човекот кој целиот живот го посвети на фудбалот. Игра во Победа, Прилеп, 11 Октомври и Индустријалец. Има долга тренерска кариера во 11 Октомври, Хајдук, Градител, ЗИК Прилеп, Тризла, Пролетер… Најголемиот успех го има со екипата Прилеп за фудбалери со оштетен слух. Со неа освојува прво место во Македонија, потоа и титула во Југославија, победувајќи го Белград со 3:2 во финалето.

Фудбалските тајни ги има учено и од славниот Миљан Миљаниќ.

Loading