КРАЈОТ Е НА 2 ЈУНИ

Ракомет

По паузата викендов продолжуваат ракометните првенства. Во плејаутот од Супер-лигата за мажи, екипата Прилеп е гостин кај Вардар во Неготино, во меч кој не одлучува нешто важно околу пласманот. Така е затоа што прилепкиот тим многу рано го обезбеди опстанокот, местото меѓу трите најдобри тима на табелата. Борбата е сега за првото место, вклучувајќи го и последниот дуел на 2 јуни дома со Еурофарм Пелистер 2.

Табела: Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп 30, Куманово 29, Вардар Н. 21, Мултиесенс 20, Голден арт 16, Скопје 6, Аеродром –10.

И во Супер-женската лига остануваат уште две кола. Викендов Деспина дома игра со скопски Вардар. Крајот и на ова првенство е на 2 јуни, кога е уште дуелот кај Пелистер во Битола. Прилепскиот тим се бори за место во средината од табелата.

Табела: Ѓорче Петров 70, Металург и Чаир 61, Вардар 58, Куманово 54, Стружанка 37, Пелистер и Деспина 31, Скопје 30, Спартак 28, Овче Поле 16, Астибо 12, Шампион 7, Гевгелија 3.

Loading