ВЕЛЕСКИ ПОДОБАР ОД 60 РИВАЛИ

Шах: Отворено првенство на Македонија

Во Скопје беше Отвореното шаховско првенство на Македонија, со учество на 67 шахисти. Меѓу нив фидемајсторот Роберт Велески. Иако на стартната листа рангиран на 13. место, преку добрата игра и успешните резултати напредуваше шест места и на крајот го освои 7. место со 6 поени. На одиграните 9 партии постигна 5 победи (против Тоше Габеров, Слободан Цветковски, Никола Радоњанин, Зоран Танчев и Давид Николовски). 2 реми (со Никола Бујуклиев и ФМ Дејан Динев), а доживеа 2 пораза (од победникот  ИМ Тони Лазов и четвртиот ИМ Емил Ристески).

Нов државен шампион на Македонија е ИМ Тони Лазов со 7,5 поени.

Loading