МЛАДОСТ 96  Е ВО ФИНАЛЕТО

Пинг-понг

Нема да се чека викендов за да се добие првиот финалист во плејофот за пингпонгарски шампион на Македонија, затоа што во неделата се одиграа двата меча (првиот и реваншот) од полуфиналето. Во Пингпонгарската арена во Прилеп се сретнаа прилепските ривали, Младост 96 и Младост. Двапати победи Младост 96 со по 4:0. По три партии добија Србинот Ѓорѓе Борчиќ и Антонио Стомнароски, а две Андреј Лашкоски. Така Младост 96 оди во финалето, најверојатно против Крива Паланка.

За поразениот Младост успех е и самото учество во полуфиналето од плејофот.

Loading