БАРАЖ – МЕЧ СО КУМАНОВО

Фудбал: Победа

Во ФФМ беше ждрепката за бараж-мечевите за Втората лига. Екипата Победа (14. во Втората лига), за противник го има Куманово (првопласиран во Третата лига – Север). Натпреварот е в сабота (17 часот) на Стадионот “Ѓорче Петров” во Скопје. Победникот е второлигаш, поразениот третолигаш. Прилепскиот тим мора да бара сламка за спас во овој дополнителен меч поради поразот во неделата дома со 1:5 од Беса. По ова падна од 12. на 14. место на табелата во Втората лига, под Осогово (победи со 3:0 над Пелистер) и Саса (победи со 5:3 над Вардар Н.). Покрај Караорман, отпаѓа и Тетекс, по поразот со 1:0 од Башкими.

Табела: Беса 77, Пелистер 70, Детонит 60, Арсими 51, Охрид 45, Беласица, Вардар Н. и Башкими 42, Скопје 41, Кожуф 38, Новаци 34, Осогово 30, Саса 29, Победа 28, Тетекс 27, Караорман 15.

Други бараж-двојки:  Борец – Влазерими, Вардарски – Кораби.

Loading