ПРЕВРТЕН АВТОБУС

Мост на реката Дабничка во педесеттите години од минатиот век. Народ еден куп. Се збрал да помогне, да го исправи на тркала превртениот автобус. Некои се само сеирџии, а некои видно вознемирени.

Дрвената конструкција на мостот не изгледа баш стабилна да помине автобус. Шоферот ја пробал среќата и пропаднал од едната страна на мостот. Останале живи патниците. “Живо” и недопрено останало дрвото.

Отстрана, стари дуќани,  но и  куќи со нова архитектура.

Чуден настан. Штета што е несреќа.

Loading