ПРИЛЕП ЌЕ ДОБИЕ РЕСПИРАТОР

Од донацијата од 20 респиратори на Кралството Норвешка, како поддршка на Македонија за справување со корона пандемијата, болницата во градов ќе добие една машина за механичка вентилација.

Десет од респираторите се за болницата 8. Септември, а останатите ќе се распределат низ болниците низ земјава за зајакнување на капацитетите на здравствениот систем.

По две респираторни машини ќе има за болниците во Тетово, Битола и во Штип, а по еден апарат во Струга, Охрид, Прилеп и во Струмица.

Овие респиратори со високи перформанси може да обезбедат неинвазивна вентилирачка терапија и во ситуации на транспорт за сите возрасни групи на пациенти, од возрасни до педијатриски, и се одобрени за респираторна терапија во болници, амбуланти, единици на интензивна нега и транспортни единици.

Loading