ПЕНЗИОНЕРСКИ КЛУБ ВО ОБРШАНИ

Izvrsen ZP2

Пензионерите од селото Обршани ќе добијат свое собиралиште. Ќе се отвори пензионерски клуб во селото во општината Кривогаштани. Тоа е содржината на одлуката на извршниот одбор на прилепското здружение на пензионерите која се одржа во амбиент на строго почитување на  препорачаните заштитни мерки со дезинфекциони средства за заштита на рацете и заштитни маски и во дезинфинцираната голема сала од клубот.

Просторијата во селото ја отстапи локалната самоуправа без надоместок. Здружението ќе ја адаптира и опреми за да се уреди во 13-ти клуб за пензионерите.

Извршниот се запозна и со книговодственото работење на Здружението.

Loading