УРЕДУВАЊЕ КАЈ  КАСАРНАТА

Долгогодишното барање на жителите од а населбата на ул. ,,Васко Карангелески” пред мостот кај касарната конечно почна да се реализира.  Во зависност од времето, за  два до три месеци запоставениот простор ќе добие комплетно нов лик. Комуналец и локалната самоуправа го облагородуваат просторот,  односно  се  изведува  партерно и хортикултурно уредување според деталниот урбанистички план. Простор оставен 50 години, ќе содржи неколку зелени површини и бекатонски патеки од 1200 м2.  На дел од паркинг просторите ќе се поставува набиен тампон, а визуелниот изглед  ќе се збогати  со  хортикултура со листопадни и зимзелени украсни дрвја. Ископан е бунар за технолошка вода за наводнување на парковските површини и летно одржување.

Посебно внимание ќе се посвети на определување на еколошки острови и поставување на комунална инфраструктура за одлагање на отпадот. Локалната самоуправа го осовременува и оплеменуа просторот за жителите кои со години се соочуваат со исфрлање на огромни количини на отпад, носен од околните улици и  фрлан меѓу зградите, со што  им  е загрозено семејното домување и здравјето.

Loading